Драги мажи, ова го сакаме во креветот!

Ова се десетте најголеми женски желби кога сексот е во прашање. Искрени одговори дале илјада жени, а се се сведува на овие десет желби.

Бакнувајте ја, но онака како што треба

Вистинскиот бакнеж прави чуда. Бакнувањето е многу интимен, личен и страствен чин и со бакнежот може да се каже многу. Жените обожаваат вистински бакнежи. Започнете полека и нежно, следете ги нејзините реакции и ќе знаете како понатаму. Бакнувајте ја додека сте во автомобилот и чекате да се запали зеленото светло.

Започнете ја предиграта надвор од спалната соба.

За некои мажи предиграта значи допир, но многу мажи не разбираат дека најголемата ерогена зона е токму мозокот. Жената може да ја возбуди поглед, изјава, заведување… Жената сака да се чувствува пожелна, а сето ова не е потребно да се наоѓате во спалната соба. Можете да бидете каде било со предиграта на различни начини.

Преземете ја контролата

Многу жени сакаат во спалната соба партнерот да ја преземе контролата. Но, немојте ова погрешно да го разберете. Преземањето на контролата не значи дека треба да бидете груби. Во оваа смисла под преземање контола се мисли мажот да биде самоуверен, шармантен, заводлив, да ја почитува партнерката и нејзините желби. Кога жената сака мажот во спалната соба да ја преземе контролата тоа значи дека таа му верува и дека му се препушта, дозволува да ја „земе“.

Прифатете ја работата „таму долу“… сега и секогаш

Истражувањата покажале дека околу 75% од жените никогаш не постигнуваат оргазам со пенетрација. Што значи дека на жените им треба стимулација на клиторисот. Некои повеќе сакаат орален секс, некои стимулација со прстите, а на некои им помагаат и секс играчките. Не е се во пенетрација, запамтете го тоа и фатете се за работа, таму долу.

Нека се се врти околу неа

Жените сакаат да се чувствуваат посбно и посакувано. Потрудете се понекогаш се да се врти околу неа. Некои жени уживаат во масажа, некои сакаат кога мажот се труди да научи се за да задоволи. На некои им треба разговор… Било како било, не заборавајте да и дадете до знаење колку ви значи, но делата се важни, а не само зборови.

Различност на движењата

Понекогаш жената сака полека и нежно, понекогаш и треба секс на брзина. Но поголемиот дел од жените се пожалиле дека сексот често им е пребрз и прекраток. А ако сакате да поработите на обостраното задоволство, потребно е да се потрудите. Истражувајте, експериментирајте, разговарајте.

Играње улоги

Преземање на некои други улоги може да биде ослободувачки и забавно. Ако ставите разни костуми на себе, можеби ќе се ослободите од некоја ваша скриена страна. Во друга улога можете да се ослободите од некоја несигурност. Некои жени се палат кога ќе го видат партнерот во униформа.

Нека ја преземе и таа контролата

Моќта може да биде голем афродизијак. И додека некои жени повеќе сакаат мажот да ја преземе контролата во спалната соба, има и такви кои сакаат да ја имаат во свои раце.

Секс во јавност

И самата помисла на можноста да бидете фатени на некои жени им е многу привлечна. Не мора тоа да биде секс во јавноста со голем ризик да бидете фатени. Има жени кои откриле дека понекогаш им е возбудливо да не носат долна облека во јавноста, а особено ако знаат дека тоа го пали партнерот.

Соблечете ја полека

Пречесто паровите пребрзо преминуваат на главното. Преврзо се соблекуваат и пребрзо стапуваат во однос. Иако тоа може супер да функционира, бидејќи во прашање е страст, понекогаш е пожелно да се оди пополека и да се ужива во секој момент. Заведете ја полека, соблечете ја полека и нека вашите раце и бакнежи полека преминат на тоа што следува.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа