САД ја шпионирале Белорусија

 

 

 

Белгиските власти детектираа вирус, кој ги погодил сисемите на најголемата белгиска телекомуникациска компанија „Белгаком“, а кој неодамна е наречен „Проксимус“.

Штетната програма е американска, се нарекува „Рејн“ и ја користат американската Агенција за национална безбедност (НСА) и британското електронско разузнавање, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на истрагата на неколку специјализирани сајтови. 

Компанијата за кибербезбедност „Симантек“ соопшти вчера дека тој вурис дејствува од 2008 година и е „создаден од разузнавачка агенција на држава, која е водечка сила во техологијата“.

Според „Симантек“ вирусот им доставува на неговите создавачи „моќна мрежа за масовно разузнавање“.

Вирусот погодува само компјутери со операциски систем Виндоус и тоа најчесто преку посета на фалсификувани верзии на популарни страници, кои бараат повлекување на некаков фајл. 

Белгиското Министерство за надворешни работи, кое беше една од жртвите на нападот, неодамна ја смени тактиката и им забрани на своите вработени да посетуваат какви било адреси на Интернет, кои не се на т.н. „бела листа на дозволени страници“. Министерството до неодамна дејствуваше со „црн список“ на забранети адреси.

Уште пред една година, кога беше утврдено постоењето на штетната програма, стана познато дека еден од погодените клиенти е Европската комисија.

„Симантек“ нагласува дека вирусот може да копира фајлови од заразениот компјутер, да ги вклучува камерата и микрофонот, да запишува што се куца на тастатурата, да врши измени во софтверот, вклучувајќи ги и програмите за управување на мобилните оператори.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега