Револуција во Америка? - ослобден полицаецот кој уби момче во Фергусон

Фергусон е надвор од контрола: Нема пријава против полицискиот службеник кој го уби осумнаесетгодишното момче

Големата порота на американската сојузна држава Мисури донесе одлука да не се подигне обвинение против белиот полицаец за убиството на афроамериканското момче во градот Фергусон, во подрачјето на Сент Луис, одлука која предизвика бран на протести и насилни судири меѓу полицијата и граѓаните.

Невооружениот 18 годишен Афроамериканец Михаел Браун во Фергусон во август загина од куршумот испален од полицаецот Дарен Вилсон. Снимката која беше уловена од неколку камери ги поттикна долготрајните расни тензии во градот, каде што Американците со африканско потекло се во мнозинство, но во истиот град белците доминираат во структурата на власт. Поради одлуката на поротата да нема основи за подигање на обвинение против Вилсон, жителите излегоа на улица околу полициската станица. Во протестите беа искршени излози на околните дуќани, а најмалку два автомобили беа запалени. На ова полицијата одговори со солзавец и пластични куршуми.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика граѓаните мирно да ја прифатат одлуката на поротата, а полицијата да биде воздржана кон демонстрантите кои со недели го искажуваат своето незадоволство низ улиците на Фергусон но и во други градови во САД.

Многу од демонстрантите мирно го покажуваат своето незадоволство од ваквата одлуга, но може да се слушнат и испалување на повеќе од 15 куршуми, како што пренесува СNN.

Родителите на убиеното момче и пред развојот на насилството на улиците побараа од луѓето да останат смирени.

„Ова е лудо. Вака не се постигнува ништо“, изјавила на новинарките една граѓанка и додала дека не знае кога градот ќе се опорави од штетата која е резултат на насилството.

По правосилноста на одлуката

Поротата одлучила да не се подигне обвинение против полицаецот Дарен Вилсон. Протестите започнаа мирно, но наскоро бил скршен еден од прозорите на полициските возила, а имало и обиди истите да се превртат. Било мавано и со камења во околните ресторани.

Биле испалени и куршуми, додека низ воздухот летале разни предмети. Полицијата веднаш ги предупреди граѓаните да се смират.

Една жена добила срцев удар, а иако неколкумина се обиделе да избегаат од толпата биле погодени со солзавец. Во близина едно полициско возило било во пламен.

Таткото на починатиот Мајкл се појавил пред толпата:

„Да се повредат другите или да се уништи имотот не е одговор. Без оглед на одлуката на поротата, не сакам смртта на мојот син да биде залудна. Сакам истата да доведе до големи позитивни промени. Овие промени се потребни во целиот регион на Сент Луис повеќе од било што“, изјави тој.

„Мораме да работиме заедно за да го подобриме системот кој овозможи ова да се случи“, додаде семејството кое ја покрена кампањата да секој полицаец кој работи на улиците низ американските градови да почне да носи камера на телото.

„Наша задача е да се одвојат фактите од фикциите“

„Задачата на големата порота е да ги раздвои фактите од фикциите“, изјави тој за новинарите McCulloch, додавајќи дека членовите на големата порота утврдиле дека нема доволно причина за судско гонење на полицаецот Вилсон.

„Нема сомнеж дека агентот Вилсон е убиен од Мајкл Браун, изкави обвинителот од Сент Луис, Роберт Мекулох, изразувајќи жалење за неговата трагична смрт. Но, дванаесетте членови на големото жири, вклучувајќи ги, девет белци и тројца црнци, спровеле сеопфатен преглед, откако ги сослушале 60 сведоци и тројцата експерти за судска медицина и испитување на стотици фотографии и други важни елементи.

Во исто време“, продолжува истрагата на федерално ниво, кое е независно од почетокот на локалната истрага, и ќе продолжи така“, изјави американскиот министер за правда Ерик Холдер, велејќи дека федералната влада ќе ги извлече прераните заклучоци.

Пред Белата Куќа се собраа демонстранти со транспаренти на кои пишувало „Правда за Мајк Браун“ и извикуваа „Рацете во воздух, не пукајте“.

Повторното се подигна прашината за расизмот во САД

Убиството на црното момче покажа во која мера е расизмот сеуште присутен во САД и на свиреп начин ги откри заладените односи во малиот град со мнозинство црнечко население и полиција во која повеќето вработени се белци.

Кратко време откако одлуката беше најавена, на американскиот претседател и семејството на Мајкл Браун ги повикаа демонстрантите да се воздржат и по мирен пат да го изразат своето незадоволство. Полицијата била принудена врз демонстрантите да фрли солзавец и да ги растера, пренесуваат агенциите.

Семејството Браун, го изрази своето длабоко разочарување, поради фактот што Вилсон нема да биде обвинет, но повика и на мир.

„Длабоко сме разочарани од убиецот на нашето дете и што нема да ги трпи последиците од своето дело“, изјави семејството во пишана изјава, но и побара протестите да бидат смирени.

Обама: Воздржете се мораме да го почитуваме законот

Претседателот Обама во текот на ноќта во Белата Куќа упати апел за мир, откако американската порота донесе одлука да се прекине судската постапка против Вилсон.

„Ние сме држава која се темели на почитување на законот“, изјави Обама во кратката изјава неколку минути по објавената одлука од Фергусон, за време на која веќе имало масовен револт од граѓаните, на која полицијата била принудена да фрли солзавец.

„Се приклучувам на родителите на Мајкл Браун во повикот да сите оние кои се противат на ваквата одлука тоа да го направат на мирен начин“, додал Обама, признавајќи дека гневот е прифатлива реакција.

Ги повикувам силите на редот... да покажат воздржаност“, изјавил тој.

Обамарече дека во многу делови на САД и понатаму владее голема недоверба меѓу силите на редот и припадниците на заедниците со друга боја на кожата, напоменувајќи дека ваквата состојба мора да се поправи, меѓу останатото и да се зголеми бројот на полицајци од редовите со малцински заедници.

Пред Белата Куќа присуствуваа околу 200 демонстранти кои мирно одеа со знамиња во рацете извикувајќи „Ние сме Мајк Браун“.

Подготовка на полицијата почна пред одлуката

Гувернерот на државата Мисури Џеј Никсон прогласи вонредна состојба на улиците и зголемен број на членовите на Националната гарда и полициските службеници предвидувајќи вакво сценарио.

Во предградието на Сент Луис Универзитетот, недалеку од Фергусон, еден полицаец е ранет од огнено оружје, но засега не е познато дали настанот е поврзан со немирите во Фергусон, пренела полицијата преку Твитер.

Еден полицаец бил ранет во раката и се очекува да има целосно опоравување, а потрагата по сторителот е во тек, соопштил истиот извор.

Адвокатот на полицаецот: Вилсон постапил согласно законот

Адвокатот на полицаецот кој го уби 18 годишното момче накратко се заблагодари на сите кои останале со Вилсон во тие моменти.
„Силите на дневниот ред треба да донесат брза и тешка одлука. Полицаецот Вилсон постапил според она кое што му налага самиот закон“.

Претходната вечер се повика на мир во ваквата ситуација.

„Без оглед на одлуката која ќе се донесе, ова ќе биде силно и емотивно за луѓето“, изјавила Чарли Доли од управата Сент Луис.

 

„Сепак ова не е време да се свртиме еден против друг, туку да се свртиме еден кон друг“, повикала таа.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега