Фабиус: Нема услови за испорака на воениот брод за Русија

 

Поради кризата во Украина не се стекнати вистинските услови за испорака на воениот брод со висока технологија - носач на хеликоптери, за Русија, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, додека Москва врши се поголем притисок за испорака на бродот.

- Ние сметаме дека од очигледни причини не се исполнети условите за испорака на бродот, рече Фабиус за радио „Франс Интер“.

Русија наодамна го предупреди Париз на „сериозните“ последици доколку Франција до крајот на ноември не го испорача првиот од двата нарачани носачи на хелиоптери од класата „Мистрал“, наведуваат француските медиуми.

Меѓутоа, Фабиус не сакаше да каже кога точно ќе истече рокот, со образложение дека е „тоа утврдено со договорот“.

-На руската страна постои неприфатливо присуство на странски проруски сили, но и на украинската страна има неприфатливи изјави, рече францускиот шеф на дипломатијата, мислејќи на декларативната желба на Киев да влезе во НАТО, пренесоа француските медиуми.

Според првичниот договор, склучен во 2011 година, првиот од двата големи воени бродови, носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“, требаше да биде испорачан во текот на овој месец. Но заради кризата во Украина и сериозното влошување на односите меѓу Западот и Русија, Франција се најде под голем притисок на сојузниците, пред сите на САД, поради што во септември донесе одлука за одложување на испораката. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега