Откриен идентитеот на тројцата убиени во Злетово

Откриен е идентитетот на трите лица кои утринава беа убиени на две локации во пробиштипско Злетово.

Како што дознава Курир, во семејниот дом, од зетот за ќерка, убиени беа сопружниците Илија М. (65) и Јана М. (63). Третото лице кое беше убиено во друга куќа е 51-годишниот Методи М., за кој неофицијално се знае дека не бил во роднинска врска ниту со убиените, ниту со убиецот.

Случајот во полиција го пријавила ќерката на убиените сопружници, сопруга на убиецот, откако слушнала пукотници во домот на нејзините родители. Во моментот на убиството таа била во својата куќа која се наоѓа во близина на нејзините родители.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на полицискиот увид кој е во тек. Полицијата се уште трага по сторителот кој е во бегство.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега