Хаос во Фергусон, 29 лица уапсени

 

 

 

По одлуката на судот во Фергусон да не се покрене обвинение против полицаецот што уби тинејџер во август годинава, низ градот повторно избувнаа масовни нереди.

Поради одлуката на Големата порота на американската сојузна држава Мисури, на улиците на Фергусон избувнаа протести и насилни судири меѓу граѓаните и полицијата, јави Би-Би-Си. Досега полицијата уапсила 29 демонстранти. 

При објавувањето на одлуката, државниот обвинител изјави дека сите докази се детално испитани и дека некои од изјавите на сведоците се спротивни на доказите. 

Семејството на убиениот тинејџер е длабоко разочарана од ваквата одлука на судот. 

За време на протестите уништени се неколку продавници, а запалени се и неколку возила. Според локалните медиуми запалени се 12 локали. Полицијата на нередите одговори со солзавец и шок бомби. 

Полицаецот Дарен Вилсон на 9 август во Фергусон смртно го застрела невооружениот тинејџер Мајкл Браун, испукувајќи повеќе куршуми. Случајот поттикна нови расни тензии во градот, каде афро-американците се мнозинство, а белците доминираат во структурите на власт. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа