„На мојата ќерка и дале дрога и ја гледале како умира“ - таткото на младата Јована скршен од болка

 

Таткото на  23-годишната Јована Милијаковиќ која на 19. ноември почина од предозирање со дрога во Лесковац, бара најстрога казна за двете момчиња кои се осомничени дека и дале дрога. 

- Тие го убија моето дете и барам да се казнат за убиство, а не за кривично дело која ќе им дадат само казна од година дена и поворно ќе продолжуваат да убиваат и други, вели очајниот татко кој својата ќерка ја погреба рпред два дена.

Полчицијата соопшти дека ги уапсила осомничените, а истражниот судија им одредил притвор за 27-годишниот И.К од Лесковац поради сомневање дека и дал дрога на младата Јована од која се предозирала и починала, како и 28-годишниот М.С од истиот град, тој е осомничен дека на девојката не и пружил никаква помош.

Трагедијата се случила во доцните вечерни часови во куќата на таткото на 27-годишниот И.К. Таткото на Јована не знае како неговата ќерка се нашла во таква ситуација бидејќи ќерка му пред неколку дена отишла кај постарата сестра и својата мајка. Исто така младата Јована рабтела во фабрика за текстил

- Примаше плата, си купи мобилен телефон и отиде кај мајка и. Незнам што се случило тој ден, но сум сигурен дека претходно не се дрогирала/ Јас тоа би го знал. Од куќата не излегуваше освен кога одеше на работа. Сигурен сум дека ме повикувала додека умирала. Вчера ме разбуди нејзиниот глас. Ме викаше. Таа ми бепе и ќерка и син, ми беше се, зборува и плаче нејзиниот татко. 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега