Ниската интелегенција е поврзана со расизмот!

Искрено оние кои се дават во расизам и предрасуди можат едноставно да бидат прилично интелегентни.

Истражувањето покажало дека оние кои гравитираат кон друштвено конзервативната идеологија се склони да формираат и држат до растистички ставови и предрасуди, затоа што конзервативната идеологија ја нагласува хиреархијата и „отпорот кон промени“. Но сите знаеме дека напредокот токму поради напредокот е еднакво бесмислен.

Можно ли е оние кои имаат длабоко вкоренети предрасуди и расистички ставови, можеби едноставно не знаат за подобро, или се когнитивно осакатени за да бидат без предрасуди. Неколку студии укажуваат на тоа дека постои силна врска меѓу нетолеранцијата, расизмот и предрасудите  во целина, со намалени когнитивни способности, и ниска итегративна сложеност (ставајќи ги различните, посебни идеи заедно)

Во анализата на два податоци со големи размери, утврдено е дека ниската интелегенција во детството предвидува поголем расизам во подоцнежниот животен период. Секундарната анализа на собрани податоци, потврдува дека предиктивното влијание на лошите вештини на атрактивно размислување за анти-хомосексуалните предрасуди. Лицата со ниски когнитивни способности се разоткриени дека се со помалку во интеракција со поединци од другите раси.

Исто така вреден е податокот, иако не треба да значи дека сите расисти се со ниска интелегенција, туку веројатно е некои да се само манипулативни психопати.

Но откритието сугерира дека тие деца со помала интелегенција имаат голема веројатност дека ќе воспостават и одржат расистички, хомофобни, и други малоумни погледи на предрасуди.

Во едно истражување спроведено во САД, научниците Ходсон и Бусери споредиле 254 луѓе со иста количина на образование, но кои имаат различни способности и апстрактно размислување. Тие откриле дека луѓето кои биле лоши во апстрактно размислување често покажувале предрасуди против хомосексуалците. Тоа и не чуди онолку да оние кои се помалку толерантни да се приклонат на страната која има „затворен мозок“ затоа што можеби им недостасува способност да апстрактно или критички размислуваат за информациите.

Расизам > IQ

Разбирањето на корените на расизмот и предрасудите би можело да помогне да се елиминираат (предрасудите). Програмите против предрасудите можат да ги поттикнат учесниците да ги видат работите од позиција на другата група, но тие ментални вежби, би можеле да бидат премногу напорни за лица со низок коефициент на интелегенција“, изјавил Ходсон.

Пензионираниот американски државник доктор Рон Паул изјавил дека слободарското движење е непријател на сите расизми:

Расизмот едноставно говорејќи е ружен облик на колективно размислување, кое луѓето строго го гледаат како ЧЛЕНОВИ НА ГРУПА наместо како ПОЕДИНЦИ.

Докажано: Еве зошто расистите и конзервативците имаат низок IQ

Зошто помалку интелегентните луѓе се склони на конзерватизам? Една од главните цели на конзерватизмот се структурата и редот, формирани за да полесно се свати комплицираниот свет“, изјавил Ходсон.

Доктор Бриан Носек психологот од Универзитетот Виргин додал дека реалниот свет е комплициран и неуреден. „Идеологијата сака да го реши нередот па наметнува едноставно решение, па според тоа не изненадува што луѓето со послаби когнитивни способности привлекуваат поедноставна идеологија.

Екстремни Десничари уште од мали нозе

Професорот Брајан Носек бил сведок на наведената студија, и истакнал дека резултатите на студијата покажале како неможноста на децата со ниска интелегенција да сфатат и да го прифатат мислењето на другите, особено на лицата кои припаѓаат на друга нација или класа, и дека во еден момент животот ќе им се приклони на десничарска идеологија.

За да се утврди поврзаноста меѓу висинат ана интелегенцијата и политичката ориентација, канадските професори на испитаниците, меѓу останатото ги прашале и за нивното мислење за улогата на жената во друштвото и влијанието на институциите на промоцијата на авторитетот.

Така однесувањето кон другите раси и нации, професорите од Унуиверзитеот Брок во Канада го мереле на темели на одговорите на испитаниците на прашањето „се противат ли да работат со лица од други раси и нации“ и нивниот степен на општа интелегенција.

 

Истражувањето предизвикало бура на интернетот: Либералите велат дека тоа го потврдува нивниот сомнеж за конзервативците, а конзервативците тврдат дека истражувањето е криво протолкувано. Што мислите вие? Дали конзервативците навистина се помалку интелегентни или тоа е само политичко мислење замаскирано во знаењето?

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега