ОН : Трговијата со деца во голем пораст

 

 

Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, денеска соопшти дека една третина од жртвите на трговијата со луѓе се деца, при што нивниот удел постојано се зголемува.

Според извештајот на Канцеларијата, кој се однесува за периодот 2010-2012 година, од сите регистрирани жртви на трговија со луѓе, 33 проценти се деца, што е пет проценти повеќе во споредба со периодот 2007-2010 година.

Канцеларијата собрала информации за жртви на илегална трговија од 152 земји, кои биле принудувани да даваат сексуални услуги.

Според ОН, проблемот е најголем во Африка и на Блискиот исток.

Шверцерите со луѓе најчесто се фокусираат на жени и девојчиња, се наведува во извештајот.

 
 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега