Силите на генералот Хафтар ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Триполи

 

Силите лојални на генералот Калифи Хафтар ја презедоа одговорноста за денешниот воздушен напад на аеродромот Митига во главниот град на Либија, Триполи.

- Нашите воздухопловни сили го извршија нападот врз Митига, која ја држат терористички групи, објави портпаролот на Хафтар, генералот Сакр ал-Јаруши, алудирајќи на исламските милиции кои владеат со Триполи.

На удар на воздушниот напад синоќа се најде пистата на споменатиот аеродром, во источен Триполи, единствен кој се уште функционира во либиската престолнина.

На Митига, која ја држи антивладината исламистичка милиција Фаџр Либија, од борбен авион се истрелани две ракети, кои според очевидци, не причиниле штета на терминалот, ниту на пистата на аеродромот.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега