Караванот за вработување денеска се стационира во Струмица

Струмица е денеска градот каде што сите невработени ќе имаат можност да го посетат караванот за вработување, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. 

На истиот ќе учествуваат повеќе од 40 компании, а на истиот со свои излагања покрај директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, ќе имаат и дел од компаниите учеснички. 

Ова е одлична можност за воспоставување на директни контакти меѓу работодавците и оние кои бараат работа, со цел да стапат во работен однос. Ќе бидат присутни голем број на компании кои имаат потреба од одреден кадар, а невработените ќе можат да добијат подетални информации за засновањето на работен однос. Исто така, во рамки на саемот ќе биде организиран и форум со работодавачи на кој тие ќе дадат свои предлози за новиот Оперативен план за активни мерки за вработување кој ќе стартува од 2015 година. Ќе се организираат и мотивациски обуки за лицата кои бараат работа. 

Саемот ќе се одржи во Домот на културата од 11 до 14 часот. 

Организирањето саеми за вработување започна пред 45 дена. Досега вакви саеми се организирани во Скопје, Неготино, Штип и Охрид и преку нив се вработени 160 лица.

По саемот во Струмица, Владата најави дека ќе организира саем и во Битола.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега