Могерини го осуди пактот Русија - Абхазија

 

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го осуди во вчерашното соопштение сојузот, кој претставниците на Русија го склучија со лидерите на отцепената грузиска област Абхазија. 

- Со потпишувањето на т.н. пакт за сојузништво и стратешко партнерство меѓу Русија и Абхазија им се нанесува штета на напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, порача Могерини. 

Таа констатираше дека оваа спогодба претставува кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и оти е спротивна на меѓународното право. 

НАТО исто така ја осуди спогодбата, а Вашингтон најави дека нема да ја признае оваа постапка на Русија и додаде дека го поддржува суверенитетот на Грузија.

- Т.н спогодба не придонесува за мирно и трајно решавање на ситуацијата во Грузија, нагласи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Ахбазија и Јужна Осетија во 2008 година се отцепија од Грузија по кусиот вооружен судир, во кој Русија воено ги поддржа сепаратистите. Освен Русија независноста на овие територии ја признаа и Никарагва, Венецуела и пацифичката држава Науру. 

Абхазија со потпишаната спогодба се обврза својата надворешна и безбедноста политика отсега да ја води во тесна координација со Москва

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега