Македонскиот „алат“ е долг 14 сантиметри - грчкиот само 12

Македонците се на златната средина со должина на алатот од 13,98 сантиметри, но се подобри од Грците па дури и од Италијанците, пишува Вечер

Македонците имаат помали пениси од Србите и Хрватите, но можат да се пофалат со поголеми алати од Грците, па дури и од извиканите љубовници - Италијанците.

Грчкиот алат во просек е долг 12,18 сантиметри во ерекција, додека итлијанскиот 12,5.

 

Ако веруваме на истражувачката агенција Таргет мап, просечниот Македонец има пенис со должина од 13,98 сантиметри, исто со просекот во Турција. Во споредба со останатите земји во светот, ние сме на златната средина.    

Во регионот, подобри од нас се Словенците со 14,01 сантиметар, Хрватите со 14,77 сантиметри, потоа Србите со 14,87 а мажите во БиХ можат да се пофалат со питони долги 15,65 сантиметри!    

На прво место во Европа по должината на пениси се Унгарците кои во просек имаат 16,51, но се многу далеку до светскиот шампион Демократска Република Конго со речиси 18 сантиметри во просек (17,93). На второ место се мажите од Еквадор со 17,77 сантиметри, трето место посилниот пол од централноафриканската република Конго - Бразавил со 17,33 сантиметри.  

Најмали пениси на светот имаат мажите од Непал со 9,30 сантиметри, а едноцифрена гордост има и посилниот пол во Тајланд 9,43. На трето место на оваа табела се наоѓаат и Јужнокореанците со 9,66 сантиметри.  

Истражувањето и статистиката може да се види на оваа веб страница

 

 

Оцени ја веста

23.11.2014 - 23:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега