Во сите училишта во Велес има греење

Во сите основни и средни училишта во Велес има греење изјави за МИА градоначалникот Славчо Чадиев.

Тој истакна дека мали проблеми со греењето има во зградата во која се сместени двете основни велешки училишта ООУ „Благој Кирков“ и ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Информира дека веќе е направен проект, наскоро ќе се реконструира парниот котел и целиот систем за затоплување, со што ќе се надмине проблемот.

Чадиев рече дека сите сметки за струја, вода и останати потреби во велешките училишта се подмирени.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 14:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега