Каков боем: Екс-градоначлникот на Охрид дневно трошел по 200 евра во кафеана - неделно давал 840 евра за бензин

-Инспекциските контроли, правејќи анализа на финансиската ситуација во општината која тоне во долгови доаѓаат до податоци кои го потврдуваат неодговорното работење на Петрески и неговиот тим. Ако скандалозни беа досегашните информации за неразумните трошења на парите од граѓаните од страна на Петрески, тогаш потрошувачката на гориво за службените автомобили на општина Охрид, слободно може да се објави во рубриката "верувале или не", напиша Курир во мај минатата година.

Според информациите кои тогаш ги објави порталот, општинската каса на Охрид, по основ гориво за службените автомобили на локалната администрација, во 2012 година се задолжила за околу 2,5 милиони денари. Во првите три месеци од 2013 година, Општината по истиот основ, направила долг од речиси 800.000 денари. Ако се направи математиката, Општината, месечно трошела над 208 илјади денари за гориво, или дневно, околу 7.000 денари.

Курир тогаш напиша дека дополнително ќе се утврдува за што и кој ги употребувал општинските возила и дали горивото било трошено на туристички или работни патувања.

-Фактот што поранешниот раководител на секторот за локален економски развој на Охрид, само по основ на дневници за неколку години заработил дополнителни околу 12.000 евра, без никаков ефект по развојот на градот, зборува за немањето одговорност во трошењето на парите на охриѓани, напиша Курир. 

Меиумите во истиот период го објавија и неверојатните кафеански сметки на Петрески. Според информациите екс-градоначлникот на Охрид само во 2012 година потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги, додека пак, на име на трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу 2,5 милиони денари

Според информациите, Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Тој направил цех од 700.000 денари во два ресторана во Охрид, а според тогаш објавените информации сопствениците на овие ресторани се блиски луѓе на екс градоначалникот.

Кога ќе се направи математиката, излегува дека за една година, Петрески по кафеани потрошил 70.000 евра или по околу 200 евра дневно.

-Интересен е податокот дека фактурираните суми се веднаш исплатени во целост од страна на општинската каса. Инаку, Општина Охрид располага и со сопствена менза, но тоа не го спречило Петрески да организира ручеци низ охридските ресторани, иако немало потреба за тоа, напиша Курир во мај минатата година.

Порталот дошол и до податок дека само во 2012 година на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони. На име на Петрески се воделе шест телефонски броеви.

 

 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега