Повисоки температри и многу снег - метеоролозите објавија каква зима не очекува на Балканот

Зимата која следи ќе биде натпросечно топла со малку повеќе врнежи од вообичаеното. Хрватскиот хидрометеоролошки завод ја објави тримесечната прогнзоа, според која, во наредните три месеци целиот регион ќе има слични временски услови како и изминатите година дена.

Според анализата, сите годишни времиња во послените 12 месеци биле натпросечно топли со количина на врнежи далеку над просекот.
Хрватскиот метеоролошки завод потенцира дека неговите анализи значително се разликуваат од оние инфомрации дека оваа година ќе се соочиме со најстудената зима, бидејќи се темелат на метеоролошки истражувања,а не на шпекулации.

Во Метеоролошкиот завод на Хрватска велат дека може да се чекуваат кратки студени периоди како и кратки периоди на суво време без врнежи но и периоди со локално изразени обилни врнежи од дожд и снег.

Тие додаваат дека се уште не може да се прогнозира каков тип на врнежи може да се очекуваат. Дали ќе имаме снег, дожд или смрзнат дожд, зависи од моменталната температура во повисоките и пониските слоеви на атмосферата.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега