Целосно ангажирање на САД на Балканот

 

 

Новиот директор на Канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот, Томас Јаздгерди вели дека САД во целост се ангажирани на Балканот особено кога станува збор за решавање на преостанатите клучни прашања.

Во интервју за Глас на Америка тој тврди дека Вашингтон ја поддржува иднината на регионот во рамки на евроатлантската заедница.

 

- САД се сметаат за партнер со давањето помош во одржување дијалог меѓу Косово и Србија, давање поддршка на Црна Гора за членство во НАТО, поттикнување Грција и Македонија да го решат спорот со името, помош за Босна да стане пофункционална, изјави тој.

 

Што се однесува до порастот на влијанието на Русија во регионот, и евентуалните планови на Вашингтон да се спротистави на тоа, Јаздгерди одговара дека „тоа не е прашање за спротиставување на руското влијание туку давање поддршка за граѓаните во регионот да остварат свои аспирации во поглед на интеграции“.

 

Јаздгерди додава дека САД не се против тоа државите да одржуваат односи со Русија.

- Но, ако сакате да се придружите во европскиот клуб, што мислам дека сите држави во регионот сакаат, тогаш мора да донесат соодветни заклучоци и да ја усогласат својоата надворешна политика со онаа на Европската унија, заклучува Јаздгерди.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега