Словенија има идеална клима за влез на кинески инвестиции

 

 

Потпреседателот на словенечката Влада Дејан Жнидар ги повикал инвеститорите од Кина „храбро да  вложуваат во Словенија“, во интерес на двете земји.

- Заедничката цел е да зајкне економската размена и да се стори се што е во наша моќ да ја направи разликата меѓу увозот и извозот што помала, изјави Жидар во Љубљана на средба со потпретседателот на кинеската Влада, Ванг Јанг.

Жнидар нагласил дека Словенија, како членка на ЕУ, е соодветна точка за влез на кинески капитал во Европа.

Политичките односи меѓу двете земји Жнидар и Ванг ги оцениле како многу добри, што, според нив, е добра основа за зајканување на економската соработка.

Според словенечките податоци, стоковата размена меѓу Словенија и Кина е во пораст, при што увозот на кинеските производи е многу поголем од извозот на словенечи стоки во таа земја.

Со заменик-претседателот на кинеската Влада во досега најголемата делегација во Љубљана пристигнаа и 150 претприемачи, кои ќе учествуваат во заедничка бизнис конференција.

Покрај со Жнидар, кој воедно е и министер за земјоделство, шумарство и храна, Ванг Јанг се сретнал и со словенечкиот премиер Миро Церар, со претседателот Борут Пахор и со спикерот на Парламентот, Милан Брглез.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа