Инвазија азиски бубамари на Балканот - ни случајно немојте да ги гмечите

Белград се соочува со вистинска инвазија од азиски бубамари. Станува збор за инскти кои не се опасни ниту за луѓето, ниту за животните ниту пак за растенијата, а единствено погубни се за обичните домашни бубамари.
Експертите велатдека иако не се проблем по здравјето на луѓето, фактот дека немаат природен непријател, придонел да се намножат до таа мера што претставуваат проблем за луѓето. Се собираат околу прозорците и често влегуваат во домовите и тоа во огромни роеви.
Од домашните бубамари се разликуваат по тоа што имаат повеќе точки на крилата кои освен црвени, можеда им бидат и во друга боја.
Бубамарите освен во Србија веќе се рашириле и во Хрватска, а нема информација дали дошле и во Македонија.
Во Србија тие се заштитени со закон и нивното убивање се казнува со сума од околу 100 евра.
На граѓаните им се препорачува да не ги гмечат и убиваат бидејќи испуштаат жолт сок кој шири непонослива миризба.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 22:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега