Тринаесетгодишно девојче настрада на пешачки премин

32 - годишниот М.К. возејќи со брзина над дозволената удрил во 13 - годишно девојче на пешачки премин во Задар, Хрватска. Девојчето има скршеница на ногата и се наоѓа во критична состојба.

Возачот кој се движел со голема брзина не можел да прикочи пред пешачкиот премин при што го удрил девојчето со предниот дел од неговиот автомобил марка БМВ и ја отфрлил на спротивната лента на патот. Автомобилот кој се движел од спротивниот правец, управуван од 27-годишно момче, му нанел уште еден удар на 13-годишното девојче.

Против 32-годишниот возач е поднесена соодветна кривична пријава, а според првичните сознанија тој во моментот на несреќата не бил под дејство на алкохол.

 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 19:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега