ФОТО: Имаат 34 деца - Сте виделе ли поголемо семејство?
Пол и Џејн Бригс имаат 34 деца. Од нив само пет се биолошки нивни, а 29 им се посвоени.
Тие почнале со посвојување пред 30 години и велат дека ќе продолжат да го прават тоа.
Само на храна годишно трошат 52.000 американски долари.
Пол вели секој пат кога ќе посвои дете, неговиот работодавец му дава 10 илјади долари за трошоци.
Голем дел од посвоените деца се болни, а моментално Џејн се подготвува да оди во Западна Африкла и да посвои уште едно бебе родено без стапала и дланки, кое било напуштено од родителите.
Оваа двојка досега усвоиле деца од Мексико, Русија, Украина, Бугарија и Гана.
Децата кои биле посвоени од ова хумано семејство, велат дека бескрајно им се благодарни за љубовта и негата која им ја пружиле.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа