Секташот кој си го уби најдобриот пријател : Годинава морав да заколам некого !
37 годишниот Роберт Хеј брутално си го заклал својот најдобар пријател Тибор Л. (50) изјавувајќи: " Добив нагон да убијам некого, знаев дека дојде ред да заколам човек " .
Роберт признал дека е припадник на секта и дека порано извршувал ритуални убиства врз животни. Тој раскажал и дека изел една мачка која претходно ја заклал.
Како што пренесува српски Курир, Роберт освен што е секташ е и душевно болна личност и дека се лекувал долго време.
- Кај него нема знаци на каење за тоа што го направил. Ладнокравно рече дека оваа оваа година редно било да заколе човек и дека тоа требало да го направи на Ноќта на вештерките-31.октомври. Призна дека припаѓа на сатанистичка секта и дека обожува туѓа крв, изјавил извор од истрагата за српски Курир.
На убиството кое се случило во петокот вечерта му претходела и расправија помеѓу двајцата пријатели. Роберт без размислување му забил нож во вратот на Тибор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа