ЕУ е одлучна да се бори со групацијата Исламска држава

 

Европската унија соопшти дека е одлучна да се бори против групацијата Исламска држава, откако џихадистите обезглавија уште еден американски заложник.

- Жестокото убиство на американскиот хуманитарен работник Питер Касиг и на сириските војници се нова илустрација за одлучноста на ИД да ја спроведува програмата на терор, се наведува во соопштението високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Морегини.

- Сите кои не ги почитуваат правата на човекот треба да одговараат за своите постапки. ЕУ е целосно ангажирана да се бори со заканата од ИД и други терористички организации во Сирија и Ирак, заедно со нашите регионални и меѓународни партнери, додава таа.

17.11.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега