Едно на секои 30 деца во САД е бездомник

 

Бројот на деца бездомници во САД е на највисоко ниво во изминатите години и според извештајот на Националниот центар за бездомни лица едно на секои 30 деца е бездомник.

Причината според Институтот се високото ниво на сиромаштија во САД, недостиот од домови и широко распространетото домашно насилство.

Во извештајот се вели дека во САД во 2013 година имало 2,5 милиони деца кои се бездомници. Проблемот е особено тежок во државата Калифорнија, каде живеат осмина од американското население и над една петтина од бездомните деца - 527.000.

Од 2012 до 2013 година бројот на бездоми деца во САД е зголемен за осум отсто и се предупредува дека тоа може да се одрази погубно за образованието, емоционалниот и социјален развој на децата, како и врз здравјето, шансите за пронаоѓање работа...

Во извештајот се вели дека за да нема бездомни деца неопходно е да се обезбедат повеќе  достапни домови, можности за образование и работа за бездомни родители, како и посебна грижа за мајки што останале без дом како резултат на домашно насилство

17.11.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега