Функционерката на СДСМ јавно проговори за врската со амбасадорот на ДУИ
Функционерката на СДСМ Мери Николова од иницијативата УДАР, попозната по тоа што јавно призна дека му е љубовница на македонскиот амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, во емисијата "Во центар" уште еднаш потврди дека нејзините односи со поранешниот министер за транспорт и врски се одлични и дека се во поголема љубов од кога и да е, пишува Нетпрес.
Таа потенцира дека се бори за подобар живот на граѓаните и нивните права, а од друга страна јавно се прокламира како љубовница на висок функционер од редовите на ДУИ кој е оженет.
Николова во интервјуто не штедеше на пофалби упатени за Буџаку, за кој рече дека е човек со кој Македонија треба да биде горда. Таа додаде дека Буџаку повеќе е ценет во Европа, отколку тука. Исто така одговори дека има подобри односи со Агрон Буџаку, отколку што има самиот Социјалдемократски сојуз со ДУИ, што можеше да се види и од самите позитивни критики за некои од високите функционери од редовите на владејачката албанска партија.
Ефтов воопшто не ги поштеди прашањата за нејзиниот приватен живот, за скапата гардероба и луксузните одмори. Ја запраша како се чувствува откако во јавноста беше позната како Чичолина, притоа давајќи и „комплимент“ дека со скапата гардероба и модните додатоци изгледа како накитена новогодишна елка.
Останува нејасно како таа во време на оваа „боксерска“ власт како што ја нарекува, јавно се фали со чанти од брендови и луксузни одмори, притоа наметнувајќи се како поборник за создавање на средна класа во Македонија и тоа по пат на револуција.
Целата емисија „Во центар“ каде покрај професорот Јове Кекеновски гостуваше и Мери Николова можете да ја проследите овде.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа