Работилница за меѓународно право и човекови права

Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Италија во Скопје од денеска почнува работилница за меѓународно хуманитарно право и човекови права.

Работилницата, како што е најавено, ќе ја отворат министерот за надворешни раоти Никола Попоски, амбасадорот на Италија во земјата Ернесто Масимино Белели и директорот на Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо, Фаусто Покар. 

Во рамки на работилницата, која ќе трае до 21 ноември, денеска ќе биде потпишан Меморандум за сроаботка помеѓу Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР и Меѓународниот институт за хуманитарно право од Сан Ремо, Италија.

17.11.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега