Меркел неможе повеќе да го толерира Путин

 

 

" Доколку Русија не го смени ставот кон Украина ќе се соочи со строги санкции поради тоа што крши точки од договорот од Минск " - изјавила Ангела Меркел.

-Канцеларката повеќе нема трпение за Путин и нејзините следни чекори сега се непредвидливи. Долгогодишните односи помеѓу Ангела Меркел и Владимир Путин се пред голем предизвик, пишува германски „Шпигел“.

Како што понатаму пишува весникот, Меркел отсекогаш имала разбирање за Путин, но капката која ја прелила чашата, била информацијата дека Русија за време на самитот испратила воени бродови во Австралија.

-Бродовите не се главен проблем. Важно е она што се случува во Украина, истакнала Мерекл, кога новинар по самитот побарал да ја прокоментира таа активност на Русија.

Таа додала и дека санкциите можат да бидат превземени многу брзо.

17.11.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега