ЕК со строги мерки за ограничување на птичијот грип

 

 

 

Ќе се превземат итни превентивни мерки за ограничување на појавата на новиот птичиј грип во Холандија.

- Се очекува на 17 ноември Комисијата да донесе одлука за итни времени превентивни мерки по откривањето на птичиот грип, изјави портпаролот на ЕК, Рикардо Кардосо.

Мерките ќе ги опфаќаат зоните означени од холандските власти во кои се наоѓаат живинарските фарми, од кои ќе биде забранета продажба на живина, јајца, пилешко месо и друго пилешки производи на други членки на Европската унија и на трети земји.

Во соопштението на холандската Влада се наведува дека новооткриениот вид на грип е смртоносен за живината, но и дека од него може да се заразат и луѓето.

Холандските власти соопштија вчера дека на една фарма во централниот дел на земјата откриле високо патоген вид на птичјиот грип и воведоа привремена забрана за транспорт на живина во радиус од еден километар околу сите живинарски фарми во Холандија. 

Фо фармата каде што е откриен грипот се наведува дека ќе бидат уништени околку 150 илјади парчиња живина.

17.11.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега