Путин: Украина има иднина само доколку се федерализира

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност дека Украина ќе има иднина само доколку стане федерална држава.

- Украина е сложена земја не само по етничкиот состав, туку и според процесот на создавање во сегашната нејзина форма, истакна Путин во интервју за германската телевизија А-Ер-Де.

Путин им предложи на западните држави да работат заедно за постигнување на единствен политички простор во источна Украина. - Можеме да се движиме во таа насока, но само заедно, нагласи Путин. 

Тој призна дека по прашањето за остварување на безбедноста, мерките на лидерите на Русија и Германија не секогаш се совпаѓаат.

- Јасно е сепак дека Москва и Берлин сакаат ситуацијата да биде регулирана, дека се стремиме спогодбата од Минск да биде исполенат, рече Путин.

- Изминатите десет до 15 години беше поставена добра основа за развој на односите меѓу Русија и Германија и ќе биде жално доколку таа биде загубена, рече претседателот. 

Според Путин, договореното од Минск не се исполнува целосно и има одредени проблеми, поврзани со тоа дека и двете страни во конфликтот не оставаат дел од населените места, согласно постигната спогодба.

Путин вети дека нема да им дозволи на украинските власти да ги уништат сите свои политички противници.

17.11.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега