Успеал да симне 90 килограми- но она што му се случило му го уништило животот

 

Облечен изгледа речиси совршено. Соблечен – не баш, но вели - не дозволувајте ништо да ви застане на патот на остварување на целите.

Џон со вежбање и промена на исхраната изгубил 90 килограми. После долга и макотрпна работа за здрава фигура се одлучил со јавноста да го сподели ова видео.

„Како дебела личност сте многу несигурни во себе“, вели Џон и почнува да зборува за својата нова најголема несигурност – вишокот на кожа кој останал после губењето на 90 килограми.
„Облечен имам повеќе самодоверба отколку претходно. Гол – не баш“, додава Џон и ја покажува вишокот кожа на рацете, стомакот, градите и бедрата.

Причината поради која го направил видеото е да им покаже на другите, иако неговата сегашна состојба не е идеална, вели дека тој е горд на она што го направил.

„Немојте да дозволите опуштената кожа, или било што друго, да ве запре на патот кон остварување на соништата“.

16.11.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега