Елена Ристеска ги негираше гласините за проблеми во бракот- еве што направи
По сите гласини дека бракот им е разнишан, Бојан Ивановски побрза во Белград за да ја поддржи својата сакана.
Минатата недела Елена имено победничка во минатонеделното издание на ТЛЗП беше главна тема во српските медиуми, а осамнаа насловни со натпис Елена крие дека е мажена. Таа на снимањето никогаш не го носи сопругот Бојан Ивановски, со кој веќе две години е во брак. Таа никогаш не зборува за приватниот живот, ниту пак пријателите знаат повеќе детали. Пејачката поради шоуто изнајмила стан во Белград во кој живее сама и се однесува како да не е во брак.
Чуден е нејзиниот брак. Елена воопшто не го спомнува сопругот, како да не постои. Во Белград живее во близина на Коштуњак во стан кој и го плаќаат продуцентите од шоуто. Тој никогаш не доаѓа во Белград, а таа ретко оди во Скопје. Кога ќе ја прашаме за сопругот секогаш избегнува да зборува за него, изјавил нејзин соработник во шоуто.
На прашањата од медиумите Ристеска само кусо одговорила:
Тој живее во Скопје и многу е зафатен. Се занимава со приватен бизнис. Ќе дојде да ме поддржи на финалето.
Сепак изгледа дека оваа ситуација ја растревожи нашата Елена, па таа го повика својот сопруг Бојан Ивановски за поддршка во Белград, како и за фотографирање на Ада Циганлија за да се затворат устите на злобниците.
Една фотографија е повеќе од илјада зборови, зарем не?! И млади и заљубени!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа