Втор круг парламентарни избори во Романија
Во Романија денеска се одржува втор круг од претседателските избори, а најновите анкети покажуваат дека актуелниот премиер Виктор Понта е во предност пред својот противкандидат, лидерот на десниот центар Клаус Јоанис.
Според резултатите од анкетите Понта (42), лидер на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), има поддршка од 54 отсто од Романците.
Неговиот противник во вториот круг Јоанис (55), претседател на Христијанско-демократската партија, е потомок на германското малцинство и актуелен популарен градоначалник на Сибиу, град во Трансилванија.
Од 14 кандидати, колку што учествуваа во првиот круг на претседателските избори одржани на 2 ноември, Понта освои над 40 отсто од гласовите, додека на Јоанис му припаднаа 30,5 отсто од гласовите.
Според аналитичарите, победата на Понта на земјата би и донело политичка стабилност, но би можела да ја загрози независноста на правосудството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа