Инспекциите прават праче: Затворени 4 познати угостителски објекти
МВР и инспекциските служби не престануваат да ја крстосуваат Македонија. Во изминатите 3 дена извршени голем број контроли во повеќе угостителски објекти ни неколку градови низ Македонија.
Вчера вечерта инспекторите на УЈП во придружба на полициски службеници го контролираа регионот околу Неготино, Кавадарци и Демир Капија. Извршени се вкупно 29 контроли, а според информациите, изречени се 3 глоби на физички лица и една глоба на правно лице во Кавадарци поради непочитување а Законот за заштита од пушењето.
Во четвртокот контроли се вршеа во Струмица. Проверени се 5 угостителски објекти. Констатирани се 2 прекршувања на Законот за пушење од страна на физички лица и еден од правно лице, додека УЈП во два случаи констатирал прекршоци од својата надлежност.
Во средата и четвртокот се котролирале угостителски објекти во Охрид, Берово и во општина Илинден. Од вкупно 29 исконтролирани угостителски објекти, во Охрид еден е затворен од УЈП и изречена е една казна по Законот за заштита од пушењето. Во скопската општина затворени се 3 објекти, а изречени се 4 казни за напочитување на забраната за пушење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа