„Одбиј работа на црно“ - тетовските ученици се запознаа со правата и обврските при вработувањето

Одржана јавна трибина, „Одбиј работа на црно“ во Тетово во која учество земаа претставници на министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука,  повеќе агенции за привремено вработување, Агенцијата за вработување на Македонија – Тетово (АВРМ), локалната власт, професори и управи од повеќе средни училишта во градот.

Ваквиот проект има за цел да ги мотивира и едуцира учениците кои што ќе излезат по средното образование да можат да ја препознаат сивата економија, како и да добијат повеќе информации за нивните обврски и права при вработувањето. 

Исто така целта на МТСП со овој проект кој што се спроведува веќе четврта година да ги запознае младите со концептот на приватно агенциско вработување.

- Лицата што првпат се вработуваат треба да бараат од своите работодавачи случување на договор во писмена форма со кој се определуваат точно неговите работни задачи, работното време, платата, одморот и слично. Со ова работникот добива уредно пријавување во месната Агенција за вработување и плаќање на пензиското, здравственото и инвлидско осигурување и слично. Преку активните мерки за вработување на АВРМ сите заинтересирано можат на легален начин да се вклучат во пазарот на труд. Ова е и придонес во борбата против сивата економија бидејќи има работодавачи кои неуредно ги плаќаат придонесите со што добиваат нелегални дополнителни приходи, а трпи економијата на државата, појасни Алмир Мартиновиќ од Министерството за труд и социјална политика.

Тој посочи дека на годишно ниво државниот трудов инспекторат врши околу 20 илјади редовни контроли во овој правец при што се откриваат околу 1000 лица кои работат непријавено без договор за вработување  што за последица има соодветни казни како за нив, така и за работодавачите.

Според раководителот на секторот за јавни дејности при општина Тетово Ахмет Ќазими локалната власт во овој правец годинава извршила прилагодување на уписната политика за зголемување на уписите во насоките и училиштата за професионални профили.

- Годинава забележавме пораст во средните училишта и насоките за професионално образование за 45 отсто, а се зголеми и квалитетот на запишаните ученици во Гимназијата и медицинското училиште. Бидејќи кадрите од професионлните профили веднаш по завршувањетро на средното образование можат да се вклучат на пазарот на трудот тие треба да се запознаат преку вакви и случни проекти за своите права и обврски, да се зголеми културата за вработување за да се намали или исклучат  случаите за вработување на црно и слично, рече Ќазими.

12.11.2014 - 15:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа