Забранет пристап во зоната каде што се урнал малезискиот авион
Холандските иследници пристигнаа денеска во близина на местото на падот на малезискиот авион МХ17 во источна Украина, во придружба на вооружени проруски сили, очекувајќи дека наскоро ќе дојдат до остатоците од авионот и ќе почнат со нивно собирање.
На групата од 12-тина холандски експерти не им е дозволено да пристапат до зоната, во која во јули се урна авионот, при што загинаа 298 патници.
Во изминатите 24 часа во источна Украина загинаа петмина украински војници и деветмина се ранети, изјави портпаролот на украинската војска Владислав Сележњов.
Изминатите денови е интензивирано гранатирањето на подрачјето околу градот Доњецк.
Во украинскиот конфликт од април се убиени околу четири илјади лица, според податоците на Обединетите нации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа