Богатството не се мери со парите- поучна приказна која ќе ве натера да размислите
Зарем мислите дека богатството се мери со пари? Зарем мислите дека богатите се навистина среќни? Прочијате ја оваа поучна приказна која уште еднаш ќе ви покаже дека не е злато се што сјае…
Еден ден. еден човек кој потекнуваше од богато семејство, го поведе својот син на патување низ земјата, со цел да му покаже како луѓето сиромашно живеат и дека треба да е среќен што има богат татко. Тие отидоа на една фарма и таму останаа неколку дена, за да малото момче почувствува колку е тешко да се живее во тие услови.
Кога се враќаа назад, кон домот, таткото го запраша своето синче: „Па, сине како ти се допадна патувањето?”
„Одлично беше тато” – му одговори замислено детето.
„Дали виде како живеат сиромашните луѓе сине?” – повторно запраша таткото
„О, и те како видов и почувствував” – рече малиот.
„Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме базен кој достига до пола од нашата градина, а тие имаат поток кој нема крај. Ние имаме скапи стаклени фенери кои се палат кога ќе падне ноќ, а тие имаат цело небо со ѕвезди. Ние имаме мермерна патека од задната до предната градина, а тие имаат цел хоризонт. Ние имаме парче земја, а тие имаат цветни полиња за трчање. Ние имаме слуги, а тие им служат и помагаат на други. Ние ја купуваме нашата храна во пластични пакувања, а ним им расте насекаде. Ние имаме ѕидови околу нашиот имот за да не заштитат, а тие имаат пријатели кои ги штитат.”
Додека таткото засрамен и затечен од одговорот сфаќаше дека освен пари, тој ништо му немаше друго дадено на својот син, детето додаде:
„Ти благодарам тато што ми покажа колку сме сиромашни!”
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа