Денеска е Света Анастасија

Света Анастасија се роди во Рим од благочестиви родители. На тригодишна возраст остана сираче и ја прибра еден манастир, во кој игуманија беше некоја Софија. Поминаа 17 години и света Анастасија се прочу меѓу христијаните по доблесниот живот, а меѓу паганите по убавината. Кога тогашниот градоначалник слушна за неа, испрати луѓе да му ја доведат. На судот, света Анастасија изјави дека е христијанка и беше ставена на маки. Додека ја измачуваа, таа два пати побара вода. Некој христијанин, по име Кирил, и пристапи и ја напои. Заради тоа му ја отсекоа главата. Најпосле, и света Анастасија ја изведоа надвор од градот и ја погубија, а Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Света Анастасија и свети Кирил пострадаа за Христа за време на Декиј

11.11.2014 - 00:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега