Споменикот на Александар Македонски повреди дете во Штип

Мермерна плоча се откачила од споменикот на Александар Македонски попладнево во Штип, при што е повредено едно дете кое во моментот се фотографирало крај споменикот.

Другарчињата повикале такси и го однеле во болница. На лице место увид изврши штипската полиција.

Споменикот е донација на приватен штипски бизнисмен, а во 2012 година при реконструкција на градскиот плоштад од тогашната градска власт,  беше преместен преку соодветна процедура, со изведувач и надзор над работите.

По поставувањето на споменикот на Александар, постаментот беше обновен со нови мермерни плочи кои исто така се донација од поставувачот на споменикот.

Околу споменикот постојано има луѓе кои се фотографираат, но се уште не е утврдено причините што довело до тоа плочата да падне

10.11.2014 - 21:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега