Погледнете какво ќе биде времето утре

Во текот на утрешниот ден повторно не очекуваат високи температури, во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност која во некои делови од земјава ќе се задржи во поголем дел од денот. 

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

Слаб јужен и југоисточен ветер, а во пелагонискиот регион ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринските температури од 3°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 11°C до 19°C.

Во Скопје слично време, со дневна температура до 16 степени.

10.11.2014 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега