Линиите вжештени - не престанува да ѕвони телефонот за „Ало Докторе"

На телефонската линија 15123, попозната како Ало докторе, викендов се јавиле 576 лица, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.

Во текот на викендот, најчестите јавувања биле за здравствената состојба ан децата, најчесто за покачена темпертатура и настински, како и совети за возрасни за кардиоваскуларни, респираторни и психијатриски совети.

Дежурните лекари имале потреба само две лица да препратат во Итната помош.

10.11.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега