СДСМ ја линчува новинарката Душица Мрѓа

Високи партиски функционери на СДСМ ја нападнаа на фејсбук новинарката од телевизијата 24 Вести, Душица Мрѓа, после интервјуто кое го направи со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. СДСМ покажува лицемерие кога еднаш говори за слобода на медиуми, а веќе следниот ден јавно навредува и линчува новинари, само затоа што не работат и не размислуваат како што тие мислат дека треба. Во јавноста останува дилемата дали за СДСМ нормални и професионални интервјуа се само оние кои се реализираат со договорени прашања.

dimova01Јавниот линч кон новинарката од 24 Вести започна по објавата на интервјуто од страна на Лидија Димова, претседател на Советот за ЕУ интеграции на СДСМ, која иронично ја нарече Новиот стратег на СДСМ – Душица Мрѓа и ја стави под прашање професионалноста на интервјуто.

dimova02На оваа објава потоа следеа лавина коментари со навредлива содржина од страна на други членови на СДСМ, кои беа незадоволни од интервјуто на Спасовски.

nikola01Кон негативните коментари се придодаде и Никола Наумовски, братучедот на Радмила Шекеринска, познат по активностите во здружението Плоштад Слобода, кој новинарката Мрѓа ја нарече арогантна и малициозна.

pic01Најжолчна во навредите на новинарката Мрѓа беше Каролина Ристова Астеруд од СДСМ која напиша: “Во шок сум! Посрамно и понепрофесионално однесување на новинар(ка) во политичко интервју не сум видела досега кај нас! Каков говор на телото, какви гримаси, каков простачки и безобразен однос, ма дури и нескриена злоба и зајадливост од најпримитивен тип! Мачно и просто навредливо да се гледа“. Подолу во коментарот Астеруд  вели “после ова срамно интервју мислам дека никој од опозицијата,или било кој што држи до одредени професионални стандарди во новинарството, не треба да и прифаќа да и гостува! Грозно!“.

pic02За жал, кон ваквиот линч се приклучи и новинарката од Телма, Емилија Лазаревска, која ги оправда навредите на Ристова Астеруд.

Очигледно дека со ваквите навреди и етикетирања од страна на високи фунционери на СДСМ треба да се позанимаваа ЗНМ, кој досега се нема огласено.

Овој случај е еден од најеклатантните примери на јавен линч кој СДСМ го спроведува врз новинарите, иако во јавноста вели дека се залага за слобода на медиумите. И досега високи партиски функционери на СДСМ, па дури и самата партија, се дрзнувала да етикетира  некои медиуми во Македонија  како провладини и да се заканува со тужби.

09.11.2014 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега