Телото пристигна во Македонија - дали е пронајдена Дениса Маркоска?

Доцна синоќа во Скопје пристигнаа посмртините останки за кои грчките здравствени власти потврдија дека се на Дениса Маркоска, девојката од Прилеп, што исчезна на бродот „Серенисима" во егејот.

Дел од медиумите објавуваат дека во текот на ноќта почна обдукцијата на телото на несреќната девојка, што треба да ги потврди или негира наодите на грчките власти.

Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција за да се потврди дали телото навистина и припаѓа на Дениса.  

Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите на грчките власти, затоа што тие го потврдија идентитетот, но не понудија никаков одговор за тоа како починала младата девојка. Тоа останува енигма.  

Дениса исчезна на 12 септември, додека работеше на бродот „Серенисима" во водите на Егејското Море. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК анализата со 99,9% сигурност потврди дека всушност е младата Македонка. 

09.11.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа