Пронајден мртов претседателот на „Војводина“ - од што умре Ратко Бутуровиќ?

Претседателот на Фудбалскиот клуб „Војводина“, Ратко Бутуровиќ (57), познат како Бата Кан Кан,  е пронајден мртов во хотелот „Парк“ во Нови Сад, кој е во негова сопственост, соопшти новосадската полиција.

Истражниот судија на Високиот суд во Нови Сад, Мирослав Алимпиќ изјави денеска по извршениот увид во апартманот во хотелот, дека не е пронајдено ништо што би укажувало дека станува збор за насилна смрт. 

Алимпиќ истакна дека во вршењето на увидот помогнале криминалистичката техника и судските вештаци, кои дале свое мислење за причината за смртта. 

- Прегледана е и медицинската документација, Во и околу самиот апартмант нема никакви траги, кои би укажувале дека смртта настапила на друг начин, освен како природна смрт, рече Алимпиќ, кој додаде дека смртта настапила во текот на претпладнето. 

најчитано сега