Охрид одбележува 70-годишнина од ослободувањето

Со пригодна програма и повеќе активности утре во Охрид ќе биде одбележана 70-годишнината од ослободувањето на градот во Втората светска војна.

Според програмата што ја осмислија општинските власти заедно со јавните институции во градот, цвеќе ќе биде положено пред спомениците на борците во Градскиот парк, во Спомен-паркот на револуцијата, како и на други локации каде што има спомен-обележја од НОБ. Предвидена е и посета на Градските гробишта каде почиваат народните херои, а по традиција ќе биде посетен и споменикот на Јасна Ристеска во селото Рамне.

За утре во 12:30 часот во Спомен-паркот на Револуцијата е предвиден и историски час, додека веднаш потоа во холот на општинската зграда ќе биде отворена изложба на ликовни дела од учениците во охридските училишта.

Традиционалната Свечена градска седница е закажана за во 13:30 часот.

Со свои активности Денот на ослободувањето на Охрид ќе го одбележат и повеќе јавни установи што носат имиња на борци што го положиле животот во ослободувањето на градот од фашистичките окупатори. 

06.11.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега