Арсовска Томовска на Самит во Абу Даби

Во рамките на Самитот за иновативните генерации и управувањето со глобалните предизвици кој се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на панел дискусија на која се разговараше за компјутерската безбедност и начините на заштита од сајбер криминалот.

Таа, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, се осврна на активностите на Владата на Република Македонија во справувањето со сите закани кои доаѓаат од користењето на интернетот преку изработка на стратегии, подигнување на свеста за комјутерската безбедност, систематскиот пристап и начините на заштита, потенцирајќи го примерот со компјутерските експерти кои ги едуцираат учениците во основните и средните училишта за злоупотребите на интернетот. Меѓу секторите кои несомнено мора да бидат заштитени од опасноста на сајбер криминалот, Арсовска Томовска ги напомена секторите за одбрана, здравствена заштита, гас и енергија.

Заменик министерката особено нагласи дека во Република Македонија преку отворените податоци се создава можност за пристап на граѓаните до сите неопходни информации, со цел развој на економијата. Покрај тоа, таа ја истакна потребата од заштита на платформата за размена на податоци, без да се ограничи слободата на говорот.

Во рамките на Самитот, Арсовска Томовска оствари и работна вечера на која се дискутираше за природата на екосистемите и намалување на бариерите во развојот на иновациите.

Самитот во Абу Даби ги опфати идеите за менување на енергијата, образованието и бизнисот, со цел да се потенцира трансформативната природа на новите технологии во веќе поврзаниот свет. 

06.11.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега