Паника во скопски Карпош: Маж со пушка шета по улица

Загрижени читатели пред малку се јавија во редакцијата на Press24 со тврдење дека маж вооружен со пушка бил забележан пред училиште во скопската населба Карпош. Мажот излегол од автомобил и со оружјето шетал по улица.
Press24 случајот веднаш го пријави во полиција. Од МВР велат дека веќе се информиани за настанот. Според информациите кои ги добивме од полициајта, полициски службеници го пресретнале мажот на улица, по што било утврдено дека станува збор за воздушна пушка. 
Пушката веднаш му била одземена. 
Полицијата веднаш направила проверка, дали пушката ја поседувал со дозвола. Според првичните и неофицијални информации, кои полицијата не сака да ги потврди, мажот ја имал целата потребна документација за оружјето и го носел во некоја продавница, најверојатно на сервис. 
Насокро очекуваме повеќе детали.

06.11.2014 - 13:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега