Поплави во Италија- се очекува невреме и во Словенија
Поројни дождови предизвикаа поплави во Италија, а слично невреме се очекува и во соседна Словенија каде е прогласена црвена тревога, највисок степен на предупредување поради опасност од природни неприлики.
Најпогоден е градот Тоскана, чии делови се целосно под вода и каде што е причинета голема материјална штета.
Интензивните дождови ги пробиле насипите и предизвикале излевање на реката Карионе во Тоскана.
Голем дел од жителите на овој град спасот го побарале на покривите од куќите, од каде што биле извлечени со хеликоптери.
Големи поплави биле регистрирани и во Венеција.
Реката По во близина на Милано се излеа од своето речно корито, а предупредување е прогласено и за Лигурија во северозападниот дел на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа