Полквин: Македонија направи импресивен напредок - треба да се користи како прототип за други земји

Напредокот кој го постигна Република Македонија во градењето на добра бизнис клима останува забележано и од реномирани институции.

- Многу интересно и импресивно во Македонија е тоа што оваа земја започна со бели страници на кој немаше испишано ништо, пред неколку години мораше да се соочи со многу тешка економска ситуација и тие започнаа да ја испишуваат таа бела страница, одлучувајќи, следејќи ги препораките на Светската банка и другите финансиски институции,  да се фокусираат на претприемништвото и развојот на бизнисот и да привлекуваат инвеститори во државата.  Тие станаа многу отворени и почнаа да ги применуваат најдобрите практики кои можат да ги искористат. И не само да ги преземат, туку да ги спроведат во практика, вели Емануел Поликвин одговорен за следење на глобалното  индустриско производство и развој на технолошкото и услужно работење во Светската банка.

Тој е оптимист за иднината на Македонија.

- Македонската влада научи многу, но ни ние научивме многу од неа и тоа не само што ќе биде корисно за државата туку тоа ќе биде добар работен прототип и за другите држави, рече Полквин од Светска банка.

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ја продолжува економската посета на САД со бизнис форум во Лос Анџелес, кој е втор по големина град во САД и е центар на тенолошката, здравствената, телевизиска и филмска индустрија.  

За време на посетата во претходните два дена владината делегација одржа бизнис форуми во двата големи економски центри во САД градовите Њујорк и Чикаго. Во САД се концетрирани најголемиот дел од светски најразвиени компании кои го генерираат економскиот раст на оваа држава, затоа САД останува средина и пазар кон која е фокусирана и Владата на Република Македонија и можноста преку активно лобирање да се привлечат инвеститори кои би го вложиле својот капитал во државата, а со цел отворање на нови работни места и подобрување на стандардот на граѓаните.

06.11.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега