Позната српска пејачка го загуби бебето

 

41- годишната српска фолк пејачка Тина Ивановиќ доживеа трагедија. Имено пејачката го изгуби бебето во вториот месец од бременоста. Неколку дека откако лекарите и кажале дека е бремена таа доживеала спонтан абортус.

Фолкерката благодарение на сопругот, успеала да се опорави и да излезе од депресијата во која западнала, бидејќи не успеала бременоста.

-“Тина се радуваше на бременоста, бидејќи сака да има дете со Ѕвездан. Беа дома кога почувствува силна болка во стомакот, а потоа започна крварењето. Сопругот веднаш ја одведе во болница. Тина плачеше бидејќи се плашеше за животот на бебето. Беше свесна дека нешто не е во ред со плодот. По прегледот лекарите констатираа дека дојде до пометнување, по што следуваше и хируршка интервенција”, раскажува добро упатен извор.

На пејачката и е многу тешко да разговара за овој настан.

“Навистина не би сакала да зборувам за тоа. Ве молам да имате обѕир. Тоа се однесува само на мене и на сопругот. За својата интима и семејните работи не сакам да зборувам”, изјавила Ивановиќ и додала дека не го исклучува проширувањето на семејството, но поради сѐ што и се случи тоа нема да биде наскоро.

- Во моментов не размислувам за второ дете, но никогаш не се знае, концентрирана сум на своите настапи и професионалните обврски и тоа е единствената работа која моите фанови сакаат да ја знаат“, вели таа.

Тина има еден син од првиот брак, 21 годишниот Даниел.

06.11.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега