Не се Илирида но облечени во црни унифоми патролираат низ Тетово

Лица во црни униформи легитимирале и се заканувале на граѓани во Tетовско, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, јави порталот на албански јазик Журнал. 

Во изјава за порталот, Ќамили тврди дека две непознати лица, облечени во црно, се заканувале на неколку граѓани во овој регион.

 – Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица во црни униформи, но без обележја се заканувале на вработени на Водовод Тетово. Тие не се претставиле како припадници на некоја гарда, односно, како што се шпекулира, Гардата на Илирида – вели Ќамили.

 Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи ги превзема сите безбедносни мерки согласно законот.

  – Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата. Од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување – вели Ќамили.

 

Пред неколку дена, во некои медиуми беше објавено соопштение од т.н Гарда на Илиридата, во која се вели дека нејзини припадници ќе патролираат низ Македонија на сите територии населени со Албанци. 

05.11.2014 - 22:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега